Во центарот на вниманието на штандот на Cadillac годинава во Париз е најновиот нивни модел, седанот од средната класа ATS.
Американците од луксузната филијала на General Motors во Париз имаат намера да покажат дека Cadillac ATS може да им конкурира на европските долгопругаши и јапонските спринтери во својата класа, која, според нив, е со компактна големина, а според нас „малку“ поголема. Наведувајќи дека се работи за модел кој е брз, пргав и забавен за возење, Cadillac очекува ATS да биде интересен за младите луѓе кои не потпаѓаат под конвенционалниот превез што го наметнуваат конкурентите.
Но, иако за оваа нова надеж на американската луксузна марка велат дека е проектирана со голема мисија и амбиции да освои и дел од европските купувачи, таа ќе биде понудена на пазарот само со дволитарски бензински мотор со 276 KS, кои преку задните тркала ќе ја забрзаат до 100 km/h за 5,9 секунди. Нарачките ќе започнат да се примаат веќе во октомври, а првите возила ќе бидат испорачани пред Божиќ. Цената засега не е објавена, но сигурно ќе биде поголема од американските 35.795 долари, во моментов еквивалентни на 27.925 евра.
Покрај ATS, Cadillac во Париз ќе ги покаже и унапредениот SRX, хибридната верзија на Escalade и седан, купе и караван верзиите на со 564-те коњски сили спортски набилданиот CTS-V.

поврзани вести:
Cadillac ATS (видео)
Cadillac ATS (видео)
No comments:
Post a Comment