Додека светот анализираше колку се реални муабетите за можното сериско производство на спортскиот модел LF-LC, Lexus во Париз истапи со друга идеја, отелотворена во концепт купето LF-CC.
Во него многумина ги препознаа насоките во кои ќе се движи дизајнот на идната генерација на IS. Секако, можна е и сериска верзија на 4,66 метри долгата студија опремена со 2,5 литарски хибриден мотор со директно вбризгување на горивото, која изгледа скоро подготвена за производство, посебно ако е вистина дека е базирана на основа на заедничкото купе на Toyota и Subaru.
Lexus, иако нема потреба да се докажува на полето на екологијата, ги претстави сите свои обновени модели, предводени од големиот LS, достапни, нормално, и во хибридни верзии.
Lexus, иако нема потреба да се докажува на полето на екологијата, ги претстави сите свои обновени модели, предводени од големиот LS, достапни, нормално, и во хибридни верзии.
No comments:
Post a Comment