Додека чекавме BMW да ја потврди одлуката да гради фабрика во Мексико, стигна вест дека Баварците ќе градат во Бразил.
Поттикнати од растечката продажба на своите возила во Јужна Америка, одговорните на BMW се решија да изградат нови погони во Бразил. Одлуката не е многу за изненадување ако се знае дека бразилската економија во 2011 ја помина Велика Британија и стана шеста по големина во светот, како и дека во последните три години продажбата на BMW во Бразил расте со просечни 74% годишно и достигна 15.200 возила лани. Според плановите, BMW ќе инвестира повеќе од 200 милиони евра во погоните во кои од 2014 година илјада работници ќе произведуваат 30.000 возила годишно. Засега не се објавува кои модели би се произведувале.
Во моментов, BMW има производствена мрежа од 29 фабрики во 14 земји ширум целиот свет.
Во моментов, BMW има производствена мрежа од 29 фабрики во 14 земји ширум целиот свет.
поврзани вести:
И BMW размислува за фабрика во Мексико
И BMW размислува за фабрика во Мексико
No comments:
Post a Comment