Гласините се потврдија - Porsche во Париз ја претстави идната Shooting Brake верзија на Panamera.
Концептот наречен Sport Turismo треба да ни долови и како целокупно ќе изгледа наредната генерација на Panamera, која евидентно ќе повлече некои дизајнерски црти и стилски елементи од свежо претставените 911 и Boxster. Со должината која му изнесува 4,95 метри, концептот кој има за задача да го испита пулсот на јавноста за евентуално проширување на гамата е всушност за два прста пократок од сериската Panamera, но затоа е за 6 сантиметри поширок (1,99 метри). Благо поагресивниот изглед е нешто што се очекуваше, а футуристичката внатрешност не оддава чувство дека ќе го преживее, барем не целосно, патот до сериското производство. Тоа најверојатно нема да се случи и со експерименталниот хибриден погон сочинет од 3,0 литарскиот V6 со 333 KS и електромотор од 70 kW, кој енергијата ја црпи од литиум јонски батерии со капацитет за 30 km пат, за чие полнење се потребни само 2 ипол часа.
Покрај Panamera Sport Turismo, ретко кој регистрираше дека премиера имаше и 911 Carrera 4.
Покрај Panamera Sport Turismo, ретко кој регистрираше дека премиера имаше и 911 Carrera 4.
No comments:
Post a Comment