Иако главен новитет на корејската марка беше семејството на компактниот хечбек i30, најголем интерес кај посетителите предизвика Fuel Cell верзијата на ix35.
По покажувањето на новата генерација на Santa Fe, беше јасно дека дизајнерите на Hyundai работат на прилагодување на изгледот и на помалиот корејски SUV, кој, како изненадување, заедно со својот поголем брат како премиера осамна во Париз, но само во својата Fuel Cell верзија. Во неговиот нос, чиј дизајн го доби од својот поголем брат, чучи технологија која водородот го претвора во електрична енергија потребна за задвижување на возилото, способна да го потера до максимални 160 km и да го забрза до 100 km/h за 13,5 секунди. Според официјалното соопштение на Hyundai, Корејците до 2015 година ќе го произведуваат ix35 Fuel Cell во количини од 1.000 примероци годишно, а потоа и до десет пати повеќе. Со едно полнење на водород, кое трае неколку минути, Hyundai ix35 Fuel Cell има автономија од 588 километри.
No comments:
Post a Comment