На салонот во Сао Паоло, Volkswagen се претстави со студија на мал SUV чие име Taigun е добиено како анаграм од Tiguan.
И не само тоа - Taigun од поголемиот свој брат има наследено многу стилски елементи, кои прават тој да изгледа привлечно и скоро подготвен за производство. Доказ за тоа се и механичките компоненти, кои, преземени од малиот Up!, му ја условуваат должината на 3,86 метри, ширината на 1,73 и висината на 1,57 метри. Меѓуоскиното растојание му е за малку поголемо од она на Up! и изнесува 2,47 метри, а тежината, со употребата на современи материјали, му има застанато на 985 килограми, што е лесен залак за неговиот еднолитарски трицилиндричен турбо мотор со директно вбризгување и 110 KS, кој, погодувате, води потекло од Up!. Volkswagen за овој концепт нема предвидено погон на сите тркала, туку само на предните.
Германците велат дека иднината на Taigun зависи од тоа како ќе биде прифатен од јавноста и ако помине добро, неговата сериска верзија би можеле да ја очекуваме за две до три години. На појавувањето на овој концепт му претходеше официјална потврда од Волфсбург дека Volkswagen ќе развие два нови модела, еден SUV помал од Tiguan, а еден кросовер поголем од него, кој би имал седум седишта и би бил алтернатива за моноволуменските возила. Дали притоа мислеа токму на Taigun, или пак на модел кој ќе настане од Cross Coupe концептот покажан лани во Токио, не е докрај јасно.

No comments:
Post a Comment