Со наследникот на моделот 159, Alfa Romeo, како некогаш, ќе се обиде да се стави рамо до рамо со германските конкуренти, пред сé со BMW.
Моделот од средната класа, кој најверојатно под името Giulia треба да се појави во 2014 година, се развива со помош на Chrysler на веќе кај Dodge Dart искористената продолжена платформа на Giulietta, која за нејзина чест треба да биде опремена и со независно задно ослонување. Тоа значи дека ќе има погон на предните, а можеби и како опција погон на сите четири тркала, со избор на веќе познати италијански четирицилиндрични и американски V6 MultiAir мотори, како и задолжителните дизел агрегати за европскиот пазар.
Спортската лимузина ќе има за задача и да го однесе сјајот на марката преку море, до Северна Америка и Кина, заради што често се споменува дека ќе се произведува (и) таму, иако финалната одлука за тоа сé уште не е донесена.

поврзани вести:
22 нови модели до 2014 година
22 нови модели до 2014 година
No comments:
Post a Comment