Корејскиот производител ги објави своите планови за развој на идни генерации на мали турбо мотори и трансмисии.
Подготвувајќи се за иднината која ќе донесе сé построги правила за емисиите на издувните гасови, Hyundai веќе извесно време интензивно работи на нова генерација мали турбо мотори. Досегашните резултати од работата на корејските инженери неодамна беа претставени на конференција одржана специјално по тој повод. Ново во стратегијата на Hyundai е што ќе понуди погонски групи прилагодени за секој регион засебно, што конкретно за Европа значи дека акцентот ќе биде ставен на малите мотори, од кои на конференцијата беа претставени два.
И двата нови мали мотора ќе бидат од Kappa генерацијата, во чиј развој досега се инвестирани 421 милион долари. Првиот мотор ќе биде еднолитарски, со турбо компресор и интеркулер, заради што ја има ознаката TCi. Ќе располага со 106 KS и 137 Nm. Поголемиот мотор од 1,2 литри, освен турбо компресор има и директно вбризгување на горивото и ја има задржано ознаката T-GDi од Gamma 1.6 и Theta 2.0 моторите, кои ја имаат истата технологија. Техничките спецификации за него не се објавени.
Во поглед на трансмисиите, беше објавено дека Hyundai ќе се фокусира на развој на решенија за премиум моделите.

No comments:
Post a Comment