По дури триесет години, Volkswagen ја претстави новата генерација на кинескиот модел Santana.
Базирана на втората генерација на Passat, оваа лимузина добро опстојуваше меѓу купувачите, кои за тој период ги освои скоро четири милиони. Произведувана партнерски од Shanghai Volkswagen Automotive, нејзината популарност на кинескиот пазар не успеаја докрај да ја скршат ниту нејзините обновени верзии, но бидејќи секоја приказна мора да има и крај, така и оваа VW одлучи да ја прекине додека сé уште може да остане во меморијата како позитивен пример за добро сработена инженерска работа.
Во чест на оригиналната Santana од 1982 година, која во целост е конструирана од Германците, Volkswagen во својата фабрика во Волфсбург ја претстави втората генерација на овој модел. Предниот дел со неговиот корпоративен дизајн течно се прелева во страничните линии кои изгледаат како мешавина меѓу Jetta и Passat, до задниот дел во кој има место за 480 литри багаж. Меѓуоскиното растојание од 2.603 mm ветува доволно место за нозете, не само за кинеските патници на задната клупа, а модерно обликуваната внатрешност во својата содржина има и шест воздушни перници, кожен ентериер, сончев покрив, клима уред и уште неколку други нешта кои во Кина се сметаат за луксузни. Списокот на опрема се дополнува со системот за електронска контрола на стабилноста, паркинг сензорите, алуминиумските тркала и друго, а купувачите ќе можат да избираат меѓу два мотора, 1,4 литарски со 90 KS и 1,6 литарски со 110 KS.

No comments:
Post a Comment