Спротивно на очекувањата, Mercedes во Париз не го покажа малото купе CLA, туку само студијата Concept Style Coupe која го најавува.
Така, покрај скулптурата Aesthetics S со која ги покажа линиите на идната S класа, во прв план беше истакната Shooting Brake верзијата на CLS.
Половина караван, половина купе, и тоа со четири врати, Mercedes CLS Shooting Brake претставува вистинско освежување во понудата на луксузни модели. Багажниот простор во кој собира до 1.550 литри е обложен со дрво, а опременоста му е над нивото кое може да се очекува. На почетокот на продажбата која стартува во ноември на располагање ќе биде во четири моторни варијанти, со 3,5 литарски V6 мотор со 306 KS, 4,7 литарски турбо V8 мотор со 408 KS, 2,1 литарски четирицилиндричен дизел со 204 KS и 3,0 литарски V6 дизел мотор со 265 KS, додека во најмоќната AMG верзија, на која ќе се почека малку, ќе се вградува 5,5 литарски битурбо V8 со 525 KS.

поврзани вести:
Mercedes ја покажа Shooting Brake верзијата на CLS

No comments:
Post a Comment