За салонот во Париз, Италијанците од Lamborghini го освежија девет години стариот Gallardo со благи стилски измени на предниот и задниот дел.
А за да тоа не биде сé, му додадоа нова верзија наречена Edizione Tecnica, а на Aventador LP700-4 старт-стоп систем и деактивација на половина од неговите 12 цилиндри кога бесниот бик нема потреба од многу коњски сили, со што, како што тие тврдат, а нам ни е тешко да поверуваме, потрошувачката му се намалува на 16 литри на 100 километри. За некој нов модел, не стана ниту збор.
No comments:
Post a Comment