Први на удар ќе бидат белгиската и две англиски фабрики.
Заради намалувањето на продажбата на возила во Европа, челниците на Ford, за да ги ублажат идните загуби, одлучија да ја затворат белгиската фабрика на крајот на 2014 година, кога ќе заврши животниот век на моделите Mondeo, S-Max и Galaxy, кои сега таму се произведуваат, со што без работа ќе останат 4.300 луѓе. Нивните задолженија ќе ги преземат работниците во Валенсија, Шпанија, од каде производството на C-Max и Grand C-Max ќе се пресели во Зарлуис, Германија. На удар ќе се најдат и две англиски фабрики на Ford - онаа во Саутхемптон, каде се произведува Transit и еден погон за пресување во Дагенам, од каде заедно ќе бидат отпуштени 1.400 лица. Мерките за кратење предвидуваат уште 500 лица да останат без работа ширум Европа, намалување на работното време и повлекување на Ford од светскиот рели шампионат.
Според Ford, овие мерки ќе придонесат за намалување на капацитетите за производство за 18%, односно 355.000 возила годишно и ќе донесат заштеда меѓу 350 и 390 милиони евра, а како последица на нив неминовно ќе дојде и до доцнење на новиот Mondeo, кој тешко дека ќе може да се појави пред крајот на споменатата 2014 година. Русија е исклучена од овие мерки.
Истовремено, од Америка стигнаа вести дека Ford 13-ти квартал по ред остварува профит пред оданочување, овој пат од 1,6 милијарди долари, резултати во кои се вкалкулирани и европските загуби, кои годинава ќе се искачат над милијарда евра.

No comments:
Post a Comment