Наследникот на сегашната генерација на компактниот спортски модел од Инголштат, која е стара веќе шест години, се подготвува за 2014-та.
Фокусирајќи се на моделите за поширок круг купувачи, Audi ќе забави малку неколку програми, меѓу кои и развојот на спортскиот TT. Стратегијата на чекање во моментов е неопходна заради претпазливост, бидејќи автомобилската индустрија се соочува со премногу несигурности предизвикани како со флуктациите на пазарот на нови автомобили, така и со целата економска конструкција на еврозоната. Така, иако ТТ веќе може да се нарече староседелец во гамата на Audi, како дизајнерски, така и механички, неговата замена нема да пристигне пред 2014-та година.
Во поглед на дизајнот, ќе биде продолжен природниот тек од германската рационалност, преку медитеранската сензуалност до универзалната надмоќност која ќе биде изразена преку дизајнерските елементи врежани од другите модели на Audi со спортска нота: тенка муцка со многуаголна маска со заоблени ќошиња и тесни светла, брановидни страници и благо арогантен заден дел. Во поглед на механиката ќе ги задржи основните постулати, но, секако ќе биде поставен на новата MQB платформа која ќе му подари подобра распределба на тежината, а ќе има и посилни мотори.

No comments:
Post a Comment