Новата генерација на Mini треба да има заедничко подвозје со идната серија 1 на BMW.
Карактеристика и на двата модела ќе биде платформата со погон на предните тркала, која во облик на Active Tourer концептот, кој пак ја најавува идната Gran Turismo верзија на серијата 1, беше претставена на салонот на автомобилите во Париз. Причината за брзањето на BMW, бидејќи сегашната серија 1 е стара само една година, всушност е покажувањето на платформата на која ќе биде поставен идниот Mini, кој се развива под кодната ознака F56. Токму во неа познавачите ја гледаат разликата - досега моделите на Mini имаа префикс R, додека буквата F од скоро се користи за моделите на BMW.
Дизајнерски, новиот Mini ќе преживее само еволутивни зафати, кои ќе го освежат неговиот ретро изглед толку колку да остане во тек со времињата. Поинакви ќе бидат светлата кои ќе бидат поставени малку пониско, што заедно со понаведнатото ветробранско стакло и поголемите превиси ќе даде подинамична силуета. За погон се очекува да бидат користени новите трицилиндрични турбо мотори што ги развива BMW, а извесно е и дека ќе има хибридна верзија.
Третата генерација на Mini се очекува на пазарот во 2013 година, а кабриолет верзијата една година подоцна. Можно е Mini во наредната генерација да се појави и во верзија со пет врати.

No comments:
Post a Comment