Во време кога големите мотори ја губат битката со технолошкиот напредок, BMW одбележа четврт век од нивното постоење.
Првите информации дека и Баварците подготвуваат V12 машина беа објавени на почетокот на 1987 година, кога тие го најавија бајрактарот на својата гама, моделот 750i и неговата верзија со продолжено меѓуоскино растојание 750iL. Според тогашната практика, тоа значеше дека нивниот агрегат има 5,0 литри. Освен неговите 300 KS, централно место во спецификациите на новата гордост на производителот од Минхен имаше и неговата тежина од само 240 kg. Задоволството од добро завршената инженерска работа BMW го илустрираше со податокот дека големата лимузина успеа да привлече 3.000 заинтересирани купувачи уште пред да биде претставена. Колку беа во право, сведочат и 50-те илјади продадени возила 750i до 1994 година, кога беше претставена втората генерација на V12 моторот со 5,4 литри работна зафатнина и максимални 326 KS. Денес BMW 760Li има шестлитарски твин-турбо V12 со 544 KS.
Малку послабо познат факт со кој Баварците не се фалат, е дека овој V12 мотор всушност не е прв кој го имаат развиено - првиот прототип, исто така од 5,0 литри, тие го имаат направено уште во 1974 година со спојување на два шестцилиндрични мотора. Следен од две 3,6 и 4,5 литарски верзии три години подоцна, овие проекти не ги поминаа филтерите до сериското производство. Упорноста на германските инженери доведе до одлуката донесена во 1982 година да се проектира сосема нов V12 мотор.

No comments:
Post a Comment