Од германските премиумлигаши на салонот во Париз, најбурно беше на штандот на Audi, кој покрај очекуваните А3 Sportback, S3, SQ5, RS5 Cabrio и R8, изненади и со концептот Crosslane Coupe.
Концептот на двовратниот субкомпактен SUV со 2+2 седишта и отворен покрив, долг 4,2 метри, не само што го навестува идниот Q2 очекуван во 2015 година, туку го покажува и правецот во кој ќе се движи дизајнот на сите идни нивни SUV модели. Направен е околу иновативната Multimaterial Space Frame основа од алуминиум и полимер засилен со јаглеродни влакна и во себе криеше хибридно сериски поврзани 1,5 литарски трицилиндричен мотор со 130 KS и два електромотора од 50 и 85 kW. Ќе дели многу компоненти со идниот А2 и втората генерација на Škoda Yeti.
No comments:
Post a Comment