Со претставувањето на Rapid, Škoda започна со втората фаза од својата моделска офанзива, која овој пат главно е насочена кон Европа.
За својот најнов модел, кој, како и сестринскиот Seat Toledo е поставен на продолжената платформа на Volkswagen Polo, Чесите велат дека во него може комфорно да се сместат петмина патници и сиот нивни багаж. Како доказ ги приложуваат димензиите (должина 4,48, ширина 1,71 и висина 1,46 метри) и измерената зафатнина на багажникот од 550 литри, до кои лесно се пристапува преку големата петта врата.
Моделот кој се одликува со безвремен елегантен дизајн и треба да ја пополни празнината меѓу Fabia и Octavia, ќе биде понуден со четири бензински (обичен 1.2 со 75 KS, 1.2 TSi со 86 и 105 KS и 1.4 TSi со 122 KS) и два дизел мотора (1.6 TDi со 90 и 105 KS) и со пет и шестстепени мануелни и седумстепен DSG менувач.

поврзани вести:
Škoda започна со производството на Rapid
Škoda започна со производството на Rapid
No comments:
Post a Comment