Кратко време откако објавија дека ќе соработуваат на полето на лесните комерцијални возила, Toyota го покажа својот нов адут ProAce, произведен од PSA Peugeot Citroen.
Возилото кое ќе се произведува во фабриката Sevel Nord во Франција, проект од кој претходно се повлече Fiat, е всушност ребрендирана верзија на Peugeot Expert, Citroen Jumpy и Fiat Scudo, од кои ги има добиено и Euro 5 дизел моторите, еден 1,6 литарски со 90 KS и 180 Nm, кој доаѓа со петстепен менувач и два 2,0 литарски со 128 KS и 320 Nm, односно 163 KS и 340 Nm, за кои се наменети шестстепени менувачи.
Средноголемото доставно возило на Toyota ќе може да се добие со една или две странични лизгачки врати, како затворен или застаклен фургон, а со комбинирање на двете должини (односно две меѓуоскини растојанија) и двете висини, се добиваат верзии со товарен волумен од 5, 6 или 7 m³. Носивоста му е до 1.200 kg, а може да влече приколка тешка до 2 тона. Исто така, ќе биде достапно и како шасија со кабина. Toyota ProAce во продажба ќе се најде напролет идната година.
Договорот за соработка меѓу двете компании предвидува наредните генерации доставни возила на PSA и Toyota заеднички да се развиваат.

поврзани вести:
PSA Peugeot Citroën и Toyota договорија нова соработка

No comments:
Post a Comment