Suzuki со концептот S-Cross ја најави својата европска моделска офанзива, која ќе започне идната година.
Компактниот кросовер на Suzuki, кој во Париз беше засенет од сјајот на останатите премиери со поблескави имиња, јасно ни го најавува наследникот на сегашниот SX4, кој Јапонците го произведуваат во Унгарија. Моделот чиј развој веќе е во поодмината фаза, на својот пат кон сериското производство ќе се ослободи од фенси елементите на концептот S-Cross, но ќе ги задржи неговите основни црти.
Долг 4,31 метри, овој модел ќе биде првиот од амбициозната програма за обновување на европската гама на Suzuki која ќе стартува идната година. Дел од неа сигурно ќе биде и моделот настанат на основа на токискиот концепт Regina, кој под ознаката G70 беше покажан и во Женева.
Ново кај Suzuki беше и освежената верзија на Grand Vitara.

поврзани вести:
Suzuki со нов кросовер во Париз
Suzuki со нов кросовер во Париз
No comments:
Post a Comment