По урнек на поголемиот K9/Quoris, Kia го обнови и својот петметарски седан
Позната во Кореја како K7, а во САД како Cadenza, оваа лимузина, механички базирана на Hyundai Grandeur/Azera, која беше претставена во 2009 година како замена за слабо успешниот Opirus, отсега ќе има ново лице. Во согласност со тоа и силуетата малку е поспортски извлечена, а задниот дел го красат новообликувани светла и изменет браник.
Во Јужна Кореја, Kia K7 ќе се нуди со три бензински мотори, еден четирицилиндричен од 2,4 литри со 201 KS и два V6, од 3,0 и 3,3 литри со 270 и 294 KS. Слабо пополнетото со информации соопштение на корејскиот производител не наведува прецизно на кои уште пазари ќе биде понуден овој модел.

No comments:
Post a Comment