Како и што се очекуваше, Jaguar го претстави новиот родстер на салонот на автомобилите во Париз.
За европските купувачи на луксузни возила во Париз имаше многу интересни работи, некои сосема нови, некои само малку изменети, но сите поскапи отколку порано. Меѓу нив, сосема заслужено, апсолутно најголемо внимание привлече новиот родстер на Jaguar, ретро наречен F-Type.
Направен на алуминиумската платформа со погон на задните тркала од концептот C-X16, покажан лани есента во Франкфурт, новиот спортски родстер со две седишта е позициониран под постоечкиот XK, со димензии некаде меѓу Porsche Boxster и 911. Користењето на ознаката F-Type е потребно за доловување на впечатокот дека британската марка се враќа кон своите легендарни корени, за што треба да придонесе и неговиот дизајн. Сериската верзија на F-Type, кој ќе се појави во продажба некаде околу средината на идната година, ќе биде опремена со 3,0 литарски компресорски V6 мотор во верзии со 340 и 380 KS, како и со големиот 5,0 литарски V8, исто така компресорски мотор, со 495 KS, способен за забрзување до 100 km/h за 4,3 секунди и електронски ограничени максимални 300 km/h. Сите мотори ќе бидат опремени со осумстепен автоматски менувач и старт-стоп систем. Цените на Jaguar F-Type ќе стартуваат од 58.500 фунти.
Се очекува Jaguar да го понуди овој модел и во купе верзија.

поврзани вести:
Jaguar ги претстави моторите за F-Type
Jaguar ги претстави моторите за F-Type
No comments:
Post a Comment