Веста за најавениот концепт со име Onyx силно одекна во автомобилскиот свет.
А тој најмалку очекуваше Peugeot за салонот во Париз да подготви спортски автомобил со футуристички дизајн и моќни карактеристики, кои со сигурност ќе ги добива од хибридна погонска група составена од 600 коњски сили моќниот 3,7 литарски V8 HDi мотор и систем за регенерација на енергијата на кочење кој додава уште 80 KS. Сензационално обликуваното тело на 4,65 метри долгиот, 2,2 метри широкиот и само 1,13 метри високиот концепт оддава впечаток како да е живо, а просторот за патниците, кои се баеги одвоени меѓу себе, се одликува со минималистички дизајн и е направен од рециклирани стари весници. Делови од каросеријата му се направени од јаглеродни влакна, а делови (поточно вратите и предните крила) од бакар, со што со тек на времето и таложењето на патината неговиот изглед ќе доживее промени.
Остро дизајнираниот спортски автомобил, на кој во привлекувањето на вниманието му се придружија и футуристичкиот велосипед и хибридниот скутер со истото име, според тврдењето на Peugeot ќе остане да живее само во мислите на љубителите на марката, бидејќи нема да се произведува.

поврзани вести:
Peugeot навлегува на туѓа територија
Peugeot навлегува на туѓа територија
No comments:
Post a Comment