Во Париз, Dacia ликуваше со новите верзии на Logan и Sandero.
Романскиот производител, кој Французите го сметаат за свој, ја искористи предноста на „домашниот“ терен и ги промовираше обновените верзии на Logan и Sandero. Сега со значително посериозен изглед, поквалитетни материјали за внатрешноста и побогата опременост, двата модела кои променија многу нешта кај купувачите во поимањето на автомобилите сега имаат поголеми шанси во битката за нивната доверба и заради новиот 0,9 литарски трицилиндричен турбо мотор со 90 KS. Во понудата и понатаму остануваат 1,2 литарскиот атмосферски бензински мотор со 75 KS и 1,5 литарските дизели со 75 и 90 KS.
поврзани вести:
Sandero Stepway ќе стане Duster Junior
Sandero Stepway ќе стане Duster Junior
No comments:
Post a Comment