Нов, потренди и доволно поинтересен за да го привлече вниманието на сé попребирливите купувачи на возила од класата кој всушност тој ја популаризираше.
Таков треба да биде новиот RAV4, кој, според некои најави, ќе започне да се произведува во последниот квартал од годинава. За разлика од претходникот, кој, патем кажано, глобално настапуваше во две верзии, со пократко и подолго меѓуоскино растојание, првата во Јапонија и Европа, а втората во САД и Австралија и повторно Јапонија, но под името Toyota Vanguard, четвртата генерација на RAV4 ќе биде направена на платформата на големиот Camry и иако сé уште ќе спаѓа во категоријата компактни SUV возила, ќе биде поголема и „посериозна“ во дизајнот и настапот на пазарот. Дали тоа значи дека јапонската марка создава простор за уште еден помал SUV не е познато, исто како што (засега) не е познато колку технички ќе биде над конкурентите и очекувањата на купувачите од оваа класа теренски возила.
Како и да е, сигурно е едно - дека од 1994 година досега Toyota секогаш ја имала вистинската формула за RAV4.
Како и да е, сигурно е едно - дека од 1994 година досега Toyota секогаш ја имала вистинската формула за RAV4.
No comments:
Post a Comment