Renault ќе го искористи салонот во Сао Паоло, кој се одржува од 24 октомври до 4 ноември, да испровоцира со концептот DCross.
Иако уште на прв поглед е јасно дека се работи за Dacia Duster, која во Бразил се продава под ознаките на Renault, сепак малку збунува футуристичкиот момент на дизајнот на овој концепт, од кој, освен предниот дел, тешко дека ќе може да се искористи нешто во некој иден модел. А францускиот производител, велејќи во своето соопштение дека нивниот бразилски тим само сакал на Duster да му даде посилен стилски персоналитет, воопшто и не се обидува да ја расветли дилемата дали само станува збор за ментална екскурзија на латиноамериканските дизајнери, или пак, за најава на нешто ново.
Како и да е, Бразил е далеку од нас…
Како и да е, Бразил е далеку од нас…
No comments:
Post a Comment