Иако најавен, урбаниот кросовер на Nissan беше едно од поголемите изненадувања на салонот на автомобилите во Сао Паоло.
Наречен Extrem, овој концепт развиен од дизајн студиото на Nissan од Сан Диего, Калифорнија, но со помош на бразилски дизајнери, има за цел да ги покаже амбициите на јапонскиот производител за овој дел од светскиот автомобилски пазар. „Градскиот ѕвер“ на Nissan има 2+2 седишта и должина од 3,85 метри (за споредба, Juke е долг 4,12 метри), што го прави идеален за справување со урбаната латиноамериканска асфалтна џунгла, во што ќе му помогне и агилноста која ја добива од 1,6 литарскиот турбо бензински мотор со директно вбризгување. Поставен е на новата V платформа позајмена од Micra, а за разлика од бројните кросовер модели присутни на бразилскиот пазар, има и погон на сите четири тркала. Неговиот агресивен дизајн, за кој се употребени стилски елементи од GT-R и 370Z, дава надеж дека постојат шанси за сериско производство, и покрај тоа што во соопштението на Nissan стриктно се вели дека не постојат планови за тоа.
Во моментов, Nissan држи 2% од бразилскиот пазар, процент кој Јапонците до 2016 година сакаат да ја достигне бројката 5. За да се постигне тоа, Nissan има јасни планови за инвестирање 2,6 милијарди долари во нова фабрика во Бразил со капацитет од 200.000 возила годишно и зголемување на дилерската мрежа од 153 на 239 локации. Nissan ќе биде и спонзор на олимписките игри во Рио де Жанеиро, за кои ќе испорача 4.500 возила.

No comments:
Post a Comment