Стилски добро сработениот DS3, како предводник на ексклузивната гама на Citroën, ја доби и својата отворена верзија.
Со неа францускиот производител цели кон повесело расположениот дел од своите клиенти кои сакаат да патуваат во друштво, заради што во своето соопштение за јавност гордо наведува дека DS3 Cabrio е единствениот вистински кабриолет со пет седишта во својот сегмент и дека има и багажник од 245 литри. Со предизвиците на купувачите, Citroën DS Cabrio ќе се соочува со преклопливиот платнен покрив кој се отвора во три позиции (до половина, преку целиот кров и комплетно), максимално за 16 секунди, и тоа до брзини од 120 km/h. Добивајќи некои детали ексклузивно за себе, DS3 Cabrio технички е идентичен со нормалната верзија. Неговото производство ќе започне на почетокот на идната година, во фабриката во Поаси, Франција.
Следејќи ја определбата за електрификација на својата гама, Citroën во Париз истапи со електричната верзија на DS3. Малиот фраер доопишан со додавката Electrum, кој однадвор е идентичен како и нормалната верзија на DS3, располага со електромотор од 65 kW и литиум-јонски батерии со капацитет од 17,5 kWh, кои му овозможуваат автономија од 120 km.
Со покажувањето и на двата нови седана, од кои C4 L, кој е развиен во Кина, во дебел лак ќе ја заобиколи Европа, барем онаа каква што Французите мислат дека е, Citroën имаше намера да импресионира со својата вистинска интернационална пазарна позиција. Вториот седан, C-Elysee, кој е долг 4,43 метри и има багажник од 506 литри, е наменет за поглобален настап и е конструиран со знаење дека ќе се вози по секаков вид патишта и во секакви временски услови. Заради тоа, како една од главните карактеристики му се наведува и издржливоста. На располагање ќе биде со 1,2 и 1,6 литарски бензински мотори со 72, односно 115 KS и 1,6 литарски дизел со 92 KS. Со продажба ќе стартува наскоро, најпрво во Шпанија (каде ќе се произведува), Централна Европа, Турција и Алжир, а потоа и на други пазари. И овој модел нема да биде присутен во сите (западно)европски земји.

No comments:
Post a Comment