Како реакција на успешниот поход на новиот Cee'd, Kia во негов стил го обнови моделот Forte.
Компактната лимузина која во Кореја ќе се продава под ознаката K3, а во остатокот од светот некаде како Forte, а некаде како Cerato, сега во целост ги има сите стилски обележја на успешниот хечбек, кој е направен ексклузивно за европскиот пазар. Имплементирањето на футуристичкиот и динамичен изглед не беше пречка да се задржи пространоста на возилото, кое механички не е многу поврзано со Cee'd. Сепак, подолг, поширок, понизок и со зголемено меѓуоскино растојание, K3 навестува дека е базиран на нова основа, за која од Kia не кажуваат многу. Освен како седан, K3 ќе се појави и во хечбек и купе варијанти.
Овој модел, кој има многу важна улога во извозните резултати на Kia, се очекува своето интернационално деби да го има на салонот во Лос Анџелес во ноември, но Европа скоро сигурно нема да биде негова дестинација.

No comments:
Post a Comment