Третата генерација на Leon со својот динамичен дизајн преземен од неколкуте концепти покажани на претходните салони, во полн сјај блесна во Париз.
Поставен на најновата MQB платформа од групацијата, пред новиот Leon се отвора широк фронт за бескомпромисно освојување на купувачите, во што од значителна помош ќе бидат и современите TSi и TDi мотори. Бензинците со кои ќе се нуди Leon се: 1.2 TSi со 85 и 105 KS, 1.4 TSi со 120 и 140 KS и 1.8 TSi со 180 KS, а дизелите, 1.6 TDi со 90 и 105 KS и 2.0 TDi со 150 и 184 KS, додека менувачите, во зависност од моторот, се пет и шестстепени мануелни и шест и седумстепени DSG со двојна спојка. Техничките иновации ги вклучуваат и автоматските LED светла и системот за предупредување за газење на линијата на лентата на движење. Премиум материјали се користени за внатрешноста која и покрај за 52 mm пократката каросерија (4.263 mm) е зголемена, за 58 mm поголемо е и меѓуоскиното растојание (2.636 mm), а зголемен е и багажникот, во кој собира 380 литри, додека она што е намалено е тежината на возилото, која сега е помала за 90 kg.
Заедно со Leon, чија гама идната година ќе биде проширена со караванската и верзијата со три врати, Seat го промовираше и новото лого.
Заедно со Leon, чија гама идната година ќе биде проширена со караванската и верзијата со три врати, Seat го промовираше и новото лого.
поврзани вести:
Конечно покажан Seat Leon 2013
Конечно покажан Seat Leon 2013
No comments:
Post a Comment