Mitsubishi го замрзна Lancer Evo XI.
Не сакајќи да ризикуваат во овие чудни времиња, Јапонците го замрзнаа целиот проект Evo XI. Не се откажаа целосно, но во моментов не работат ништо на него. Причината се трошоците, особено што следната генерација на ѕверскиот Lancer Evolution требаше да биде хибрид, како што уште пред две години неофицијално се слушна.
Се чини дека Јапонците имаат желба да играат на посигурна карта отколку што името Evo XI може да им обезбеди и дека мислат дека тоа на корисниците на денешниве спортски возила нема да им биде доволно за да се оправдаат инвестициите во еден автомобил каков што требаше да биде. Штета, бидејќи plug-in хибрид шемата беше интересна: електричен мотор за тркалата напред, поддржан од страна на дволитарски бензински мотор со 320 коњи, подготвени да интервенираат во време кога е потребна повеќе моќ или погон на сите четири тркала, што на Lancer Evo XI требаше да му обезбеди забрзување до 100 km/h за помалку од 4,5 секунди.

No comments:
Post a Comment