На денот на неговата премиера во Париз, Opel и Vauxhall започнаа да примаат нарачки за најновиот и најмал член на своите семејства, по цени кои стартуваат од 11.500 евра.
Расположлив со три пакети на опрема, живописно означени како Jam, Glam и Slam, 3,7 метри долгиот Adam ќе може да се добие со бензински мотори од 1,2 литри со 70 KS и 1,4 литри со 87 и 100 KS, сите со старт-стоп технологија. Првите купувачи ќе ги добијат своите возила во јануари, доколку успеат да се одлучат што да земат, бидејќи според Opel, можностите за персонализација на Adam дозволуваат повеќе од милион комбинации. Тоа и беше причината целокупниот расположлив простор на Opel на салонот во Париз да биде пополнет само со Adam - ниту еден друг модел не беше изложен за време на новинарските денови.
Jа немаше дури ниту новата Astra, чие семејство освен со редизајнот и новата седан верзија, Opel го засили и со моќниот 2,0 литарски CDTi мотор со 195 KS и 400 Nm. Лансиран најпрво во Insignia, овој битурбо дизел мотор со старт-стоп систем на Astra и овозможува да се пофали со максимална брзина од 226 km/h, забрзување до 100 km/h за помалку од 8 секунди и просечна потрошувачка од 5,1 l/100 km.

поврзани вести:
Adam пристигна на овој свет
Adam пристигна на овој свет
No comments:
Post a Comment