По повеќе покажувања на концептите на разни салони ширум светот, премиера на Mercedes во Париз беше финалната изведба на електричната верзија на ултраспортското купе SLS AMG.
Електричниот суперавтомобил на Mercedes во продажба ќе се најде во јули идната година по цена од точно 416.500 евра, што е повеќе од двојно од нормалниот двосед. За таа сума пари, идните негови сопственици ќе можат да покажат колку се еколошки освестени со помош на четирите електромотори кои произведуваат 552 kW и 1.000 Nm, кои го прават продорно синото купе најмоќен модел на Mercedes направен било кога. Во бројки изразено, SLS AMG Electric Drive е способен за забрзување до 100 km/h за 3,9 секунди, но максималната брзина му е ограничена на 250 km/h.
Исто така електрична, но поскромна париска премиера беше и Electric Drive верзијата на B класата, на која Mercedes и намени 100-киловатен електромотор и пакет батерии кои овозможуваат автономија од 200 km.

поврзани вести:
Mercedes го унапреди SLS AMG
Mercedes го унапреди SLS AMG
No comments:
Post a Comment