За својот нареден нов модел, компактниот кросовер Captur, Renault ќе ги комбинира истите состојки како кај Clio IV, но по различен рецепт.
Renault се обидува повторно да заблеска на директен и свеж начин. Новата филозофија беше најавена со концептите DeZir, Captur, R-Space и Frendzy, а првиот силен оброк го добивме со четвртата генерација на Clio. Но, токму малиот SUV Captur е тој го ветува вистинскиот огномет.
Новиот дизајнерски курс кој го искажува новиот идентитет на марката донесе меки и спортски линии хармонично вкомпонирани околу големото и истакнато лого, врамено во црна, нежна рамка која се простира од едно до друго светло. Идниот Captur, како еден од најсилните знаменосци на новиот стил на марката, би требало да го збогати менито на Renault на почетокот на 2013 година. Идејата (намалени димензии и строга линија) за новиот кросовер на француската куќа е дело на јапонската кујна. Со своите четири метри и 20 сантиметри должина и повеќекратната намена, треба да го замени и моноволуменецот Modus. За таа цел наменски има подигнато возачко седиште и нуди карактеристики на моноволуменец. Механички ја дели основа со Nissan Juke, а во гамата на мотори ќе ги има и 1.4 TCe со 130 KS (кој денес се среќава кај Megane) и најновиот 1.6 dCi твинтурбо со 160 KS, истиот како кај концептот. Најверојатно, покрај верзијата со пет врати, ќе има и една со три, нешто како SUV купе.

No comments:
Post a Comment