Француската коњаница во Париз ја сочинуваше новиот Clio, покажан и во спортската RS и караванската Estate верзија.
Новата генерација на Clio претрпе промена на пропорциите и сега е пониска и подолга, со поголемо меѓуоскино растојание, што дизајнерите на Renault вешто го искомбинираа со скратената предница и помускулестите рамења. Рачките на задните врати се скриени, а третото странично стакло е доста мало, така што купе силуетата оди рака под рака со подобрената аеродинамика, но не на штета на патниците, кои сега имаат повеќе простор и за нозете, и за својот багаж. Наново димензионираното подвозје ја подобри динамиката на возење, за која, колку за почеток, се задолжени новиот турбо мотор со три цилиндри од 0,9 литри и 90 KS, 1.2 TCe моторот со 120 KS и две верзии на 1,5 литарскиот дизел, со 75 и 90 KS.
Како алтернатива на петвратната верзија на новиот Clio, Renault ќе го понуди само караванскиот Estate, кој е подолг за 20 сантиметри и има багажник од 430 литри - верзијата со три врати отиде во историјата. За љубителите на француските зачинети автомобили, Renault ја подготви RS верзијата на новиот Clio, чиј 1,6 литарски, двестекоњски турбо мотор е спарен со шестстепен менувач со двојна спојка. Бројките за неговите можности сé уште не се објавени.

поврзани вести:
Renault Clio IV (видео)
Renault Clio IV (видео)
No comments:
Post a Comment