Како и што се очекуваше, најагресивен настап на салонот во Париз имаше Volkswagen со седмата генерација на Golf
Париската премиера на Golf Volkswagen ја засили и со неговата GTi верзија, која во продажба ќе се најде идната пролет. Како и секогаш досега кога трите магични букви се во прашање, естетските разлики на надворешноста недвосмислено најавуваат дека во неговиот преден дел се крие нешто моќно - во овој случај 2,0 литарски турбо мотор со регуларни 220 или перформансни 230 KS, кои го лансираат до 100 km/h за 6,6, односно 6,5 секунди и дотеруваат до максимални 246, односно 250 km/h.
А на дијагонално спротивниот крај од понудата на новиот Golf, ќе се најде BlueMotion верзијата, за која VW вели дека е способна да помине 100 km со само 3,2 литри гориво и на секој поминат километар да испушти само 85 грама CO₂, овозможени од 1,6 литарскиот TDi мотор со 110 KS, подобрената аеродинамика, пневматиците со ултра низок отпор на тркалање и повисок притисок на воздух, подолгите степени на пренос во менувачот, старт-стоп системот и регенерацијата на енергијата при кочењето.
Новиот Golf во продажба ќе се најде многу бргу, но со скромна понуда на мотори - дизелите засега се 1.6 со 105 и 2.0 со 150 KS, а бензинците, 1.2 TSi со 85 и 105 KS и 1.4 TSi со 122 и 140 KS, од кои последниов со технологија за исклучување на цилиндрите. Сите мотори се опремени со старт-стоп систем и регенерација на силата на кочењето.

поврзани вести:
Volkswagen го претстави Golf VII
Volkswagen го претстави Golf VII
No comments:
Post a Comment