Креиран според формулата која донесе извонреден успех на Cayenne, во 2014 година, на истата основа како и идниот Audi Q5, ќе пристигне и помалиот SUV на Porsche.
Со агресивен изглед и амбициозна цел да помогне во зголемувањето на продажбата на куќата до 200 илјади возила до 2018 година, петтиот модел на марката ќе биде веднаш препознатлив како вистински Porsche и ќе има моќна динамика на возење. Долг околу 4,6 метри, ќе дебитира на салонот во Франкфурт идната година и ќе ја има истата спортска поставеност како и постариот брат Cayenne. Иако научивме да го препознаваме како Cajun, што е кратенката од Cayenne Јunior, ќе го носи називот Macan, што на индонезиски јазик значи тигар.
На естетско ниво, позитивните асоцијации се исти како и кај поголемиот Cayenne, иако Macan ќе биде понизок и поиздолжен, со предница која ќе биде поагресивна, со големи отвори и типична оптичка група во форма на капка. Понаведнатото задно стакло во однос на следната генерација на Audi Q5 планирана за 2015 година, ќе му дава впечаток на „всаден“ на патот. Macan ќе има многу заеднички нешта со идниот Q5 - Porsche и Audi заеднички ќе ја користат MLB платформата, која е најмала со надолжно поставен мотор во групацијата. Ослонувањето, управувањето и погонот (интегрален, со електронска распределба на моќноста) ќе бидат заеднички, во него ќе се најдат и шестцилиндричните дизели на Audi, а Macan би можел да го наследи и Tiptronic менувачот со осум степени. И понатаму под знак прашалник се моторите со четири цилиндри, освен 2,0 литарскиот TFSi кој ќе се користи за хибридната верзија. За потврдување на сопственото недвосмислено спортско педигре, освен евидентната стилска врска со останатите модели од Штутгарт, ќе бидат искористен и некој од V6 моторите од Panamera и Cayenne.
Porsche досега инвестираше 500 милиони евра во фабриката во Лајпцих за да може да започне со производството на Macan од крајот на 2013 година. Официјалните предвидувања за него се околу 75 илјади возила годишно, а не е исклучена и верзија со три врати, во стилот на Range Rover Evoque.

поврзани вести:
Macan скоро подготвен за производство
Macan скоро подготвен за производство
No comments:
Post a Comment