Под името Clio Collection, Renault ќе продолжи да ја продава и досегашната генерација на Clio.
Clio Collection ќе биде на располагање со 1,2 литарскиот бензински мотор со 75 KS и 1,5 литарскиот дизел со истата моќност, во верзии со три и пет врати и две нивоа на опременост. Ќе се произведува во фабриките на Renault во Флинс покрај Парис и во Валадолид, Шпанија.
Пополнувањето на нивните капацитети не е единствената причина за ваквата одлука на Renault. Проценката е дека овој модел, кој беше прогласен за европски автомобил на годината во 2006-та, и понатаму може да најде купувачи, посебно за цената по која ќе се нуди - 9.990 евра (во Франција) за поевтината бензинска верзија, што е значително помалку отколку новиот Clio со истиот мотор, кој таму чини 13.700 евра.
Истовремено, во Јужна Америка ќе продолжи да живее и втората генерација на овој популарен модел, наречена Clio Mercosur, но за тамошните купувачи Renault му го подари новиот нос.

No comments:
Post a Comment