Својата постава за парискиот салон на автомобилите, Honda ја збогати со освежениот CR-Z и со Civic со новиот дизел мотор.
Спортското хибридно купе CR-Z за новата сезона доби ревидирана внатрешност и благи дизајнерски измени кои ги вклучуваат новите LED светла и поедноставената маска. Honda споменува зголемување на економичноста и силината на бензинскиот (од 114 на 121 KS) и на електричниот мотор (од 10 на 15 kW), така што сега спортското купе забрзува до 100 km/h за 9,0 секунди, постигнува максимални 200 km/h, просечно троши 5,0 l/100 km и емитува 116 g/km CO₂.
За разлика од CR-Z, за новиот дизел мотор кој Honda во Париз го покажа вграден во новиот Civic, деталите се познати уште од поодамна. Се работи за 1,6 литарски агрегат со 120 KS и 300 Nm, способен да се задоволи со 3,6 литри гориво на 100 километри и притоа да испушти само 94 g/km CO₂ во атмосферата.
Покрај апсолутниот новитет, новата генерација на модерниот SUV CR-V, освежената верзија на хибридното спортско купе CR-Z и новиот дизел мотор, Honda во Париз ги изложи и концептот на електричниот родстер EV-Ster и еден оригинален примерок од првата генерација на Civic, која беше претставена 1972 година.

No comments:
Post a Comment