Корејскиот SUV специјалист, според својата, од пред неколку години воспоставена традиција, за салонот во Париз подготви интересен концепт.
Малиот кросовер со ознака e-XIV претставува логично продолжение на серијата започната со концептот XIV-1 од Франкфурт лани и продолжена со неговата тривратна варијанта XIV-2 во Женева годинава. Дизајнот му е еволутивно подреден на нив, а она по што суштински се разликува е погонската група, која, како што сугерира неговата ознака, во основа е електрична, со помошен бензински мотор кој треба да произведува струја кога батериите ќе затаат. За жал, детали за техниката засега изостануваат - Корејците ги објавија само димензиите на малиот кросовер, кој се протега во должина 4,16 метри, во ширина 1,79 и во висина 1,58 метри, со меѓуоскино растојание од 2,6 метри.
Интересно е и тоа што стаклениот покрив на e-XIV ќе служи и како соларни ќелии кои од сончевите зраци ќе црпат дополнителна енергија.
Интересно е и тоа што стаклениот покрив на e-XIV ќе служи и како соларни ќелии кои од сончевите зраци ќе црпат дополнителна енергија.
No comments:
Post a Comment