И можеби најконзервативниот производител на автомобили на денешницата се впушти во потрага по нови пазарни пространства, а името кое отсекогаш претставувало синоним за луксуз само ќе му помогне во тоа.
Формулата веќе е позната - земи го најдоброто што постои и направи го подобро, па така како што од Phantom настанаа неговата купе и кабриолет верзија, сега ќе следи и трансформацијата на Ghost, со кој Rolls Royce ја прошири гамата во 2010 година. За очекување е и купе верзијата на Ghost да има две врати кои се отвораат спротивно од вообичаеното, исто како и поголемиот Phantom Coupe, а се зборува дека со помош на унапредениот 6,6 литарски твинтурбо V12 мотор со 600 KS ќе го направи најбрзиот Rolls Royce во историјата на марката. Се очекува купе верзијата на помалиот Rolls Royce да биде претставена на салонот на автомобилите во Франкфурт идната година, под името Corniche.
Од вкупно продадените 3.538 возила на Rolls Royce лани, 2.720 беа од моделот Ghost.
Од вкупно продадените 3.538 возила на Rolls Royce лани, 2.720 беа од моделот Ghost.
No comments:
Post a Comment