Од Англичаните, такви какви што ги дал господ, можеме сé да очекуваме, па и вакво нешто.
Според нашите британски колеги, Aston Martin се подготвува за сериозен предизвик - во малиот Cygnet да вгради голем V12 мотор. Колку е оваа идеја над границите на разбирливото, покажуваат бројките: Cygnet, кој во основа е Toyota iQ, е долг 3,1 метар, широк 1,7, висок 1,5 метри и има меѓуоскино растојание од 2 метра, а семејниот V12 мотор на Aston Martin има работна зафатнина од 5,9 литри, силина од 517 коњски сили и максимален вртежен момент од 570 Nm.
Како и да е, британските автомобилски новинари тврдат дека студијата за ова веќе е направена и дека во моментов инженерите на Aston Martin смислуваат начин како големото V12 чудовиште да го вметнат во малиот нос на Cygnet без екстремни модификации на неговата каросерија.

поврзани вести:
Aston Martin не се откажува од стратегијата
Aston Martin не се откажува од стратегијата
No comments:
Post a Comment