Кризата која брановидно го зафаќа светот последните неколку години од една и глобализацијата од друга страна, придонесоа челниците на големите автомобилски производители да размислуваат покреативно.
Во време кога трошоците за производство кои континуирано се зголемуваат и намалената продажба се причина за затворање на фабриките низ развиените земји, глобално се создава една пазарна пукнатинка која треба да се пополни со нови, поевтини модели. А тие, според сегашната распределба на трудот, тешко можат да бидат конкурентни ако доаѓаат од земјите традиционални производители на возила. Во тој поглед, General Motors отсекогаш бил авангарден, па така, иако звучи малку изненадувачки, сепак одлуката да се инвестираат 450 милиони долари во економски и политички нестабилна земја каква што е Аргентина, има своја оправданост.
За да не звучи парадоксално, треба да се знае дека инвестициите спроведени меѓу 2013 и 2015 година ќе бидат потрошени за проширување на капацитетите на постоечкиот индустриски комплекс во градот Росарио, во кој ќе се произведува сосема нов глобален модел на Chevrolet. Оваа фабрика која лани произведе 136.000 возила, е отворена во 1997 година и во неа сега се произведува само еден модел - субкомпактниот Chevrolet Agile (на сликата), кој е конструиран на основа на претходната генерација на Corsa.

No comments:
Post a Comment