По компактниот SUV Macan, Porsche разгледува неколку сосема нови модели.
Високите планови на Porsche наметнуваат императив од актуелните 100 да се достигнат 200 илјади автомобили годишно во 2018-та, а Macan сам не може да го постигне тоа. Според малку конфузните информации, најверојатни кандидати за идно проширување на гамата се уште еден спортски автомобил кој би требало да се смести на ценовната листа кај бројката од околу 250 илјади евра и наследникот на моделот 550, митскиот автомобил на Џемс Дин.
Првиот модел, интерно познат како Project 960, треба да ја пополни празнината што ја остави Carrera GT. Ако го одобри врвот на куќата, новиот автомобил би требало да се појави кон средината на 2015 година. Инспириран од 918 Spyder, ќе има неколку изменети технички решенија во однос на него, но најверојатно ќе ја задржи централната поставеност на моторот, иако ќе се смести во пазарната територија на ексклузивните возила со мотор поставен напред, за кој се размислува да биде твин-турбо V8 со околу 600 KS.
Нешто поинакво ќе биде малечко Porsche. Во Штутгарт се подготвуваат да зададат сензационален удар со реизданието на 550 Spyder, чија шема веќе му е дефинирана. Како и кај неговиот претходник, моторот, сместен исто така централно, ќе биде четирицилиндричен боксер. Овој модел, кој еднаш веќе беше одложен за да сега повторно се врати во игра како Project 551, би бил развиен на основа на третата генерација на Boxster. Поголемиот дел од механиката ќе биде од алуминиум и други лесни материјали, а малиот платнен покрив ќе служи за покривање на главите на двајцата патници. Заради желбата новиот 550 да биде многу посуштински, со минималистички додатоци, најважното оружје на малиот родстер ќе биде неговата мала тежина. Ако добие зелено светло, малиот родстер треба да го очекуваме за нешто помалку од три години.

поврзани вести:
Porsche подготвува и помал седан
Porsche подготвува и помал седан
No comments:
Post a Comment