Задржувајќи го суштинското од своите претходници - луксузот, рафинираноста и моќните теренски својства, четвртата генерација на Range Rover со своите напредни технички решенија моќно зачекори во светот на благородништвото и оние кои тежнеат да бидат тоа.
Уникатниот карактер на ова теренско возило му овозможува да наметнува свои позиции, кои, незаобиколно детерминирани од еколошките трендови, со неговата алуминиумска конструкција и заштедата на тежината во целост ги почитува и во оваа класа надградува. Во Европа на располагање ќе биде со три мотори: 5,0 литарскиот компресорски V8 со 510 KS, 3,0 литарскиот V6 дизел со 258 KS и 4,4 литарскиот V8 дизел со 339 KS, сите три спарени со осумстепен автоматски менувач, а за некои пазари и со атмосферска верзија на петлитарскиот бензински мотор со 375 KS. Се очекува во иднина да биде понуден и со трилитарскиот дизел хибридно спарен со електромотор и литиум-јонски батерии. Продажбата ќе му започне некаде околу нова година, по цени кои во Велика Британија ќе се движат меѓу 71.295 и 98.395 фунти.
Се разбира, тука некаде беше и обновениот Freelander, но покрај Range Rover ретко кој го загледуваше.
Се разбира, тука некаде беше и обновениот Freelander, но покрај Range Rover ретко кој го загледуваше.
поврзани вести:
Претставен новиот Range Rover
Претставен новиот Range Rover
No comments:
Post a Comment