Еден од очекуваните новитети на германската марка за салонот во Париз е и Sportback верзијата на моделот A3, кој во тривратната хечбек варијанта дебитираше на пролетниот салон на автомобилите во Женева.
Според засега непотврдени информации, петвратната верзија која е доста значајна за продажбата на премиум моделот од Инголштат во Европа, нема да донесе ништо револуционерно, ниту во поглед на дизајнот, ниту во поглед на механиката. Ќе биде поставена на истата, најверојатно за малку продолжена платформа и ќе ги има истите мотори и трансмисии од тривратната верзија, вклучувајќи ги и Quattro погонот и менувачот со двојна спојка. Можно е во Париз да се појави и спортската S3 верзија, за која се претпоставува дека ќе има 2,0 литарски TFSi мотор со 280 KS, кој ќе ги задвижува сите четири тркала. Како и досега, Audi S3 ќе биде достапен во варијанти со три и пет врати.
Освен како хечбек со три и пет врати, Audi A3 ќе се појави и како седан, кој најверојатно ќе дебитира на салонот во Лос Анџелес, кој се одржува во ноември.
Освен како хечбек со три и пет врати, Audi A3 ќе се појави и како седан, кој најверојатно ќе дебитира на салонот во Лос Анџелес, кој се одржува во ноември.
поврзани вести:
Audi A3 (видео)
Audi A3 (видео)
No comments:
Post a Comment