Малиот модел на Ford вториот дел од својот живот ќе го помине со ново, посериозно лице.
Имплементирајќи му ја маската која наликува на Aston Martin, Ford на својот субкомпактен модел му даде аргумент плус да се бори против новодојдената француска конкуренција во редовите на неговата класа. Новата маска на Fiesta, најавена со покажувањето на нејзината ST варијанта која е опремена со 1,6 литарски EcoBoost мотор со добри 180 KS, е придружена со реобликуван поклопец на моторот, нови браници и LED дневни светла, а малку се изменети и задните светла. Освен поголемата понуда на нови комуникациски и безбедносни системи, во внатрешноста нема некои значајни промени, за разлика од моторната понуда во која гордо се смести и новиот 1,0 литарски трицилиндричен EcoBoost мотор, за кој засега Ford не кажува колку коњски сили има.
Од 1976 година досега, Ford има продадено повеќе од 15 милиони примероци од Fiesta.
Од 1976 година досега, Ford има продадено повеќе од 15 милиони примероци од Fiesta.
поврзани вести:
Ford подготвува освежување на Fiesta
Ford подготвува освежување на Fiesta
No comments:
Post a Comment