По повод започнувањето на производството на новиот 1,0 литарски EcoBoost мотор во Крајова, Ford ги објави плановите за неговите идни примени.
Според нив, до 2015 година тие треба да се најдат во три пати повеќе возила од сега. Во бројки изразено, лани Ford во Европа испорачал 141.000 возила со EcoBoost мотори, а во 2015 се очекува да бидат 480.000, односно 57% од вкупната продажба. Од нив, околу 300.000 би биле со 1,0 литарскиот мотор, кој сега е на располагање во верзии со 100, 120 и 125 KS. Освен во новиот B-Max каде беше премиерно е понуден, овој трицилиндричен мотор ќе се вградува и во Focus, C-Max и други модели на Ford. Вкупно во периодот 2012-2015 година, Ford во Европа планира да произведе 1,3 милиони EcoBoost мотори, од кои повеќе од 800.000 би биле еднолитарски. Во исто време, бројот на модели во кои ќе бидат понудени со овие нови технолошки напредни мотори ќе биде удвоен од сегашните 5 на вкупно 10. Плановите за надвор од Европа се дури и поамбициозни, каде во споредба со ланските 90 илјади, во 2015 година треба да бидат пласирани 800 илјади возила со EcoBoost мотори.
Првите модели на Ford во Европа со EcoBoost мотори се појавија во 2010 година, и тоа C-Max 1.6 и S-Max, Galaxy и Mondeo 1.6 и 2.0. Производството на 1,0 литарскиот мотор, освен во Романија, се одвива и во Келн, 1,6 литарскиот мотор се произведува во Велика Британија, а 2,0 литарскиот во Шпанија. Сите EcoBoost мотори на Ford се опремени со турбо компресор, директно вбризгување на горивото и варијабилна фаза на работењето на вентилите.

поврзани вести:
Ford B-Max (видео)
Ford B-Max (видео)
No comments:
Post a Comment