01 May 2012

Mitsubishi Mirage ќе пристигне во Европа пред крајот на годинава

Според планот за лансирање на моделот, Mirage ќе се најде на европскиот пазар во последниот квартал годинава

По лансирањето во Тајланд и полниот почеток на неговото производство на 19 април, малиот Mirage есенва ќе биде понуден во Јапонија и останатите азиски земји, а после Европа, на почетокот на идната година и на северноамериканскиот пазар и во Австралија. Петвратниот Mirage кој е долг 3,71 метри, ќе се нуди со 1,0 и 1,2 литарски трицилиндрични мотори со варијабилни фази на работата на вентилите, старт-стоп систем и регенерација на енергијата при кочење.
Освен Mirage, во својот извештај за фискалната 2011 година која заврши на 31 март, Mitsubishi за годинава за која вели дека е „година на подготовка за идното зголемување на профитот“, наведува дека подготвува уште 3 други модели: новиот Outlander (кој во Европа ќе пристигне есенва), електричен мини камионет и електричен plug-in хибриден модел базиран на Outlander, кој ќе биде само увод за вкупно планираните 7 електрични модела планирани за периодот 2014-2016 година.

No comments:

Post a Comment