08 May 2012

Opel Adam се „потпиша" на улиците низ Франкфурт

Денес точно во 6:30 часот, најмалиот член на големото семејство на Opel си го промовираше своето име.

Не така добро чуваната тајна беше откриена со промотивно возење на прототип на новиот модел со 3 врати, 4 седишта и долг 3,7 метри низ улиците на Франкфурт, кој, следен со помош на сателитска навигација, едноставно си ги напиша името, и тоа на кирилица. Тотално различно од досегашната практика на Opel да се стават женски имиња на моделите, со Adam сега како да сака да се најави препород - објаснувањето на тимот на Opel за изборот на ова кратко универзално име е дека звучи исто на сите јазици, и тоа некако робусно и технички, не како име на играчка.
Opel Adam досега беше познат под работната ознака Junior, а се шпекулираше и дека ќе се вика Allegra. Неговото претставување е закажано за салонот на автомобилите во Париз есенва.

No comments:

Post a Comment