После четири години, Audi го освежи својот компактен SUV.
Визуелно ограничувајќи се на прилагодување на стилските детали со најновата мода на куќата, обновениот Audi Q5 ќе го препознаваме со новата маска и поинаку обликуваните светла. Во внатрешноста измените се во насока на подобрување на комфорот и ергономијата и вклучуваат нови уредувања на ентериерот, нов управувач и минимални измени на централната конзола и инструмент таблата. Затоа пак, новите механички квалитети, имплементирани преку петте нови или обновени мотори, задираат во суштината на модерната технологија. Најзабележлива промена е што Q5 сега наместо атмосферскиот 3,2 литарски V6 со 270 KS и 330 Nm ќе доаѓа со 3,0 литарскиот турбо мотор со 272 KS и 400 Nm, спарен со осумстепен автоматски менувач. Audi Q5 3.0 TFSi до 100 km/h ќе забрзува за 5,9 секунди, ќе постигнува максимални 234 km/h и ќе троши просечни 8,5 l/100 km. Другите мотори со кои ќе се нуди обновениот Q5 се 2.0 TFSi со 225 KS, 2.0 TDi со 143 и 177 KS и 3.0 TDi со 245 KS.
Сепак, најзначајна промена е што Q5 ќе биде понуден и во хибридна верзија, со 2,0 литарски TFSi и електромотор, кои заедно испорачуваат 245 KS и 480 Nm. Според прелиминарните податоци, Q5 Hybrid ќе забрзува до 100 km/h за 7,1 секунда, ќе постигнува максимална брзина од 225 km/h, и просечно ќе троши 6,9 l/100 km.

No comments:
Post a Comment